Пожар кај кавадаречкото село Бегниште

Од:

Пожар избувнал денеска околу десет часот во атарот на кавадаречкото село Бегниште.

Раководителот за заштита на шуми при подружницата на „Македонски шуми” од Кавадарци Петко Ристовски информира дека шумски работници и мештани неколку часа се на терен и интервенираат, се со цел огнот да не ги оштети околните лозови насади.

– Пламените јазици зафатија површина со смрека и сува трева. Правиме напори огнот целосно да биде изгаснат, нагласува Ристовски.
Тој вели дека дополнително ќе се знае колкава површина е зафатена од пожарот и висината на материјалната штета.

Апелира на внимателност до кавадарчани, се со цел превентивно да се влијае против пожари во време на пеколни горештини.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче