Пожар избувнал во магацини на гевгелиската фирма „Канет Агро“

Од:

Утрово околу 9 часот избувнал пожар во магазинските простории на фирмата за производство на раноградинарски производи „Канет Агро“ во близина на Гевгелија.

Според првични информации од Центарот за управување со кризи, во пожарот кој настанал од експлозија во котларата и до интервенцијата на гевгелиските пожарникари зафатил уште две магазински простории, нема повредени.

Пожарникарите на ТППЕ Гевгелија огнот го ставија под контрола и засега нема опасност од негово проширување. Тие се уште се на терен,па откако ќе заврши нивната интервенција ќе се испитуваат причините за појавата на пожарот и ќе се утврдуваат настанатите штети од него.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче