Пожар беснееше во Свети Николе – изгореа печатница, бутик, пицерија, тобако  

Од:

 

Пожар беснееше утринава во Свети Николе, на улицата „Плоштад Илинден“.

Како што информира полциијата, од засега непознати причини настанал пожар во печатница „Цвај Дизајн“ лоцирана во Домот на културата „Крсте Мисирков“, при што истата целосно изгорела, а опожарен е инвентарот во холот на Домот, билетарата, помошните простории, а биле зафатени и простории на трговски друштва – пицерија „Леа“, кафе бар „Плаза“, бутик „Ива“, тобако „Куба“ и канцеларија на извиднички одред „Гоце Делчев“.

Пожарот е локализиран од екипа на противпожарната единица на Свети Николе.

Причинетата материјална штета дополнително ќе биде утврдена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени