Поздравно обраќање на Жерновски на редовното Генерално Собрание на НАЛАС

Од:

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, имаше поздравно обраќање на редовното Генерално Собрание на НАЛАС, како дел од активностите на Министерството за надворешни работи во поддршка на регионалната соработка.

„Фактот што НАЛАС е една од најактивните регионални организации, која на овој простор успева да собере повеќе од 9000 локални авторитети од 14 заедници на локални власти, укажува дека директна корист од политиките на оваа организација имаат 80 милиони граѓани“, рече Жерновски.

Заменик Министерот Жерновски посочи дека Република Северна Македонија, која воедно е и домаќин на Секретаријатот на НАЛАС, активно придонесува во афирмацијата на оваа организација и ги координира политиките на регионално ниво.

Од негова страна беше реафирмирана заложбата дека Владата секогаш ќе се залага за промоција на сите регионални концепти кои имаат конкретни проекти и визии за развој на регионот во целина и негова интеграција во ЕУ и НАТО. Од овој форум се очекува да произлезат препораки за можностите и капацитетот на оваа регионална организација, особено во делот на нејзина кохерентност со ЕУ и другите актери од регионот кои се вклучени во политиките на локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија