Повторно труење на повеќе локации во Берово

Од:

Иницијативата за заштита на животните – Берово преку соопштение известува за случај на повторно труење на повеќе локации во градот Берово на ден 10.01.2018 година.

„Имено, денес рано наутро добивме дојави од повеќе граѓани на Опшината, дека се забележани отруени кучиња и мачки.

Највпечатливо од се, е што и во двата случаи на труење, е податокот што и сега и претходниот пат, поставувањето на отрови се поклопува со доаѓањето на шинтерската служба од Куманово.

Што значи и двата пати пред да дојдат од шинтерската служба, вечерта или две претходно се поставува отров.

Имено, како што ќе забележите градоначалниот на 25.12.2017 година има објавено на својот фб профил известување до граѓаните дека од 28.12.2017 година по склучен договор со Шинтерска служба од Куманово, ќе почне заловување на кучиња – скитници, а на 26.12.2017 објавивме случај на организирано труење на животни на територијата на градот.
Истиот случај е и овој пат, денеска доаѓаат шинтери, а вчера се поставувало отров.

Бараме од вас како медиуми да упатите прашање до надлежните во Општината како тоа секој пат пред да дојде шинтерската служба во Берово, ние имаме случаи на труење. Како ќе го објаснат овој факт?Дали е ова само случајност или?

Покрај ова, дали можат да се носат со фактот дека лешеви од отруени животни се најдени во школски дворови, кај средното општинско училиште, старата гимназија во Берово, и вчера последно најдено е куче во школскиот двор на Основното училиште, а кој случај е пријавен од наш активист во Општината и запознаени се доста добро.

Меѓутоа и покрај сето ова, превземање на мерки за решавање на случаите од надлежните во Општината, НЕМА!

Ќе упатиме дописи до сите инситуции во Општината со барање за што побрзо решавање на случајот. И ние ќе побараме одговор на горенаведеното прашање.

Кривичната пријава ќе ја прошириме и со денешните случаи.

Покрај ова, сметаме на Вашата помош.

Секоја ваша реакција, иницијатива, дејство е добредојдено, затоа што трујачите, како што може да забележиме немаат намера да запрат.

ПОТСЕТУВАМЕ ДЕКА ОВИЕ ДЕЈСТВИЈА СОГЛАСНО КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК НА РМ СЕ ОКВАЛИФИКУВАНИ КАКО КРИВИЧНИ ДЕЛА.
Во интерес на сите е ова да се препознае како сериозен престап, кој треба да се спречи и санкционира“, се вели во соопштението на Иницијативата за заштита на животните.

Би можело да ве интересира

Во својот дом е нападната 40-годишна жена од Берово

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово

Пекевски: Дечињата кои прележаа салмонела се во добра состојба

Нови шест потврдени случаи на заразени од салмонела во Берово

Нема салмонела кај мострите од лицата и површините во беровската градинка што ги испитуваше Центарот за јавно здравје – Кочани