Повторно скандал со трошењето на европските пари за млади?

Од:

Кога криминалот не се санкционира, тој се повторува. Исти невладини организации, кои беа „виновници“ што   Македонија во 2010-тата ги загуби  парите од европските фондови за мобилност и понатаму се оние привилегирани за добивање  европски средства преку Националната агенција.

Опозициската СДСМ покажа документи од кои се гледа дека oд вкупно 280 илјади евра распределени на двата јавни повика годинава,  130 илјади евра завршиле кај истите невладини организации. На два конкурси за програмата „Млади во акција“  од 21 грант доделен годинава, најмалку по сум завршиле кај истите или сродни организации, а тоа се:

– Здружение младински форум – ОКО

– Македонски младински прес (преименуван во Младински прес) и

– Центар за рурален развој

„Кога нема да го казните криминалот и злоупотребата првиот пат, тој ќе ви се повтори. Истата форма, истите невладини организации и по се изгледа истите луѓе повторно печалат од европските пари“, изјави сега пратеникот , а порано  вицепремиер за евроинтеграции ,  Радмила Шеќеринска.

Трите организации  во одреден период од своето работење во раководните тела имале лица директно поврзани со високи функционери на Националната агенција за мобилност, која ги дели европските пари.

Сите се од Струга, то од каде што е и  поранешниот директор на Агенцијата Бошко Нелкоски, разрешен по скандалот со распределба на европските пари во 2010-тата година.

За потсетување скандалот за кој тогаш предупредуваа дел од медиумите,   не беше до крај расветлен , туку само „турнат под тепих“, со разрешување на Нелкоски .

Европската унија ги стопираше средствата за Македонија, а и ги врати годинава.

СДСМ инсистира вицепремиерот  за евроинтеграции Теута Арифи и државните органи веднаш да ја испитаат прераспределбата на европските средства за мобилност, пред повторно за целиот случај да избие скандал во  Брисел.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ