Повторно пожар во Липковско

Од:

Поголема површина, нискостеблеста дабова шума и стрништа се зафатени од пожарот што избувна вчера и се уште трае во Липковско, на Скопска Црна Гора, на потегот на село Никуштак до Влајин Гроб.

Екипите на кумановската подружница на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и вчера и денеска се на терен.

– Пожарот се наоѓа на непристапен терен, воопшто не може да се делува со цистерна. Нашите екипи веќе втор ден се таму, но информирани се и надлежните институции и очекуваме нивна помош, изјави директорот на кумановската подружница, Луан Бајрами.

Големиот пожар е видлив од повисоките делови од Куманово. Пред извесен период, на оваа локација веќе имаше пожар и беше изгаснат.

Кумановските пожарникари речиси катадневно интеревенираат по неколку пати на пожари на отворен простор во Липковско и Кумановско.

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје