Повторно пламна пожар во фабриката за оружје и муниција АТС АММО во Самоков

Од:

Во текот на денешниот ден околу 13 часот, од страна на Командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонски Брод, пријавено е повторно активирање на пожар во кругот на фабриката за оружје и муниција АТС АММО во населба Самоков.

Иако претходниот отворен пожар во магацинот беше локализиран пред неколку дена, во ноќните часови била забележана експлозија на буре со хемикалии складирани во веќе зафатениот магацин. Во текот на денот дошло и до втора експлозија на друго буре со хемикалии, по што пожарот повторно се активирал.

Во моментот гори ниска вегетација и површина со трева и дрвја, и во кругот и надвор од кругот на фабриката. Пожарот засега нема зафатено производни хали или други магацински капацитети, но итно се преземаат мерки за негово спречување и локализација.

На терен интервенира една противпожарна екипа со едно возило од ТППЕ Македонски Брод. Поради сложеноста на теренот и опасноста од ширење на пожарот, Градоначалникот на Општина Македонски Брод побарал поддршка од ТППЕ Прилеп и ТППЕ Кичево. ТППЕ Прилеп веќе упати едно противпожарно возило со екипа на лице место.

Градоначалникот на Општина Македонски Брод преку повикувачкиот број за итни случаи 112 официјално побара и воздухопловна поддршка за помош на копнените сили во справување со пожарот.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш ги процесуира барањата до Министерството за внатрешни работи (МВР), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

ЦУК останува во координација со сите надлежни институции и ќе ја информира јавноста за понатамошниот тек во врска со овој пожар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тројца загинати во пожар во близина на Милано

А1он

Уапсен е пироман од Флорида кој подметна пожар во кој изгореа 12 луѓе

А1он

Пожар во болница, загинаа најмалку шест пациенти

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Украина и Русија со различни „приказни“ за пожарот во една од најголемите руски рафинерии, во Јарослав

Алиу: За два дена над двесте прегледани лица во рамки на скринингот во Трубарево

Ангелов: Пожарот во депонијата кај Арачиново е подметнат