Повторно лажни дојави за бомби во скопските училишта

Од:

Министерството за внатрешни работи извести дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата на територија на Скопје кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Две дојави за поставени бомби пристигнаa електронски до две приватни училишта и Музеј

Горан Наумовски

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Бомби и муниција чувал дома жител на скопско Идризово

А1он

Пронајдени се рачни бомби во село Боговиње

Повеќе од 10 рачни гранати биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Малме

Драма во Тексас: Експлозиви пронајдени во просториите на „Тесла“