Повторно гори на Галичица, активни се два пожара

Од:

Во текот на вчерашниот ден, сабота, 24.08.2024 година, имаше вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола е еден, а изфаснат е изгаснати се 21, информираат од Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во Општина Ресен: планина Галичица, с.Стење – с.Лескоец, м.в.Тесан Камен (лисната постелка во букова шума и сува трева) и во Општина Чашка: планина Мукос (шума);

Под контрола е пожарот во Општина Демир Хисар: Плакенска планина, над с.Вирово (ниска вегетација и сува трева).

Изгансати се пожарите на териториите на општините Сарај, Карпош, Аеродром, Гази Баба, Илинден, Шуто Оризари, Арачиново, Васиелево, Босилово, Ресен, Тетово, Гостивар, Врапчиште, Долнени, Виница, Липково, Куманово и Македонски Брод.

Би можело да ве интересира

Вкупно 46 пожари на отворено, седум активни, еден под контрола

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати