Повторно функционираат семафорите во Куманово

Од:

Семафорите на крстосницата на булеварот „Октомвриска револуција“ и „Ѓорче Петров“ во Куманово од денеска повторно функционираат. Семафорот беше турнат од силниот ветер при невремето што го зафати градот кон крајот на јануари годинава.

Силниот ветер го урна столбот со семафори и патоказни табли на крстосницата која директно ја врзува населбата „Перо Чичо“ со Куманово, а индиректно населбите „Ајдучка Чешма“ и „Иго Тричковиќ“.

Од општина Куманово денеска информираа дека на месечно ниво издвојуваат околу 102.000 денари за оддржување и отстранување на дефектите на семафорите на подрачјето на општината.

– На годишно ниво се одвојуваат милион и 224.000 денари за одржување на 12-те семафорски раскрсници во градот, изјави Валентина Алексовска, секретар на општина Куманово.

Задолжена за одржување на семаформите кое вклучува одржување, санација, замена и поставување нови делови е приватна компанија од Скопје.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски