Повторно е приведен Кристијан Корабоски кој ја претепа Сара Ѓорѓиевска од Охрид

Од:

Кристијан Корабоски (31), осомничен за бруталниот напад врз 26-годишната Сара Ѓорѓиевска од Охрид, повторно е приведен во полициската станица во Охрид.

Од Секторот за внатрешни работи Охрид ја потврдија информацијата, посочувајќи дека во случајот се појавиле нови околности. Засега не се соопштуваат дополнителни детали за причините за повторното приведување, ниту дали надлежното обвинителство ќе побара одредување мерка притвор.

Против Корабоски претходно беше поднесена кривична пријава за тешка телесна повреда, а судот му одреди мерки на претпазливост. Меѓу нив се забрана за приближување до девојката на растојание помало од 50 метри, како и одземање на патната исправа.

Државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска изјави дека по разгледувањето на доказите ќе биде донесена одлука за конечната правна квалификација на делото.

Повторното приведување доаѓа по новите околности во случајот, а се очекуваат дополнителни информации од надлежните институции за понатамошниот тек на постапката.

Би можело да ве интересира

МВР: Напаѓачот на Сара Ѓорѓиеска имаше 1,29 промили алкохол во крвта

Горан Наумовски

За закана кон Мицкоски притвор, за претепувањето на Сара не – Левица обвинува за селективност на институциите

Катерина Ѓуровски

Савески: Исказот на жртвата е клучен доказ во истрагата за случајот во Охрид

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ

Петровска: Тоа што Сара преживеала не смее да биде изговор за потценување на нападот

Левица бара одговорност од полицијата, Обвинителството и судот за постапувањето во случајот со претепаната Сара од Охрид