Дојави за бомби во 18 училишта во Скопје

Од:

Нови дојави за наводно поставени бомби добиле скопски училишта. Ученците се евакуирани, а ќе бидат направени и антитерористички проверки.

Мејлови со закани за бомби поладневно добиле и основни и средни училишта.

– Денеска (09.02.2023) до 13.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 18 основни и средни училишта на подрачјето на Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот информираат од МВР.

Ова е трет ден по ред оваа седмица како во училиштата е прекината наставата поради одјави за бомби. Вчера дојави имаше и во трговските центри и во МРТВ.

По напревените проверки МВР информираше дека сите биле лажни.

Би можело да ве интересира

Дојави за поставени бомби ги испразни судовите во Подгорица

МВР: Лажни се дојавите за поставени бомби во објекти во Охрид и Кратово

Лажни дојави за бомби во фабрика и основно училиште во Охрид

МВР: Лажни се денешните дојави за бомби во Кочани

Горан Наумовски

Серија од анонимни закани за поставени бомби во Србија

Црна Гора: Проверени 165 локации, пријавите за бомби се лажни

Горан Наумовски