Повремени локални врнежи од снег в петок и сабота

Од:

Во текот на наредните денови следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието. Повремени локални врнежи од снег се очекуваат в петок и сабота.

Како што објави претходно УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен ветер во северен правец ќе биде најизразен долж Повардарието.

Во главниот град времето ќе биде претежно облачно и студено со умерен до засилен ветер од северен правец.

Снежната покривка е најзабележителна на Попова Шапка од 75 сантиметри, во Маврови Анови 43 сантиметри и во село Пожаране 18 сантиметри.

Би можело да ве интересира

Облачно со повремени локални врнежи од дожд

А1он

Променливо облачно со повремен дожд, температурите до 19 степени

Облачно со температури до 19 степени

Облачно и ветровито со температури до 17 степени

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен