Повредено едно лице во пожар во куќа во Скопје

Од:

Едно лице е повредено во пожар што избувнал вчера напладне во куќа на ул. „Јајце“ во Скопје, сопственост на М.Н.(53). Опожарени се горниот кат од куќата и покривната конструкција.

Пожарот, што настанал од засега непознати причини, е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита во 13:10 часот.

Во моментот кога избил, во куќата биле тројца членови на семејството кои навремено ја напуштиле куќата и не се здобиле со повреди, а Ј.А.(61) додека се обидувал да го изгасне пожарот, се здобил со повреди од парче дрво кое му паднало врз главата. Медицинска помош му била укажана на место од екипа на Итната медицинска помош.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски