Повредено девојче во сообраќајка на патот Велес – Градско

Од:

Девојче од делчевското село Габрово е повредено во сообраќајка што се случи вчера на регионалниот пат Велес – Градско, соопшти полицијата.

Со возилото „Форд Фергусон“ во кое се наоѓало девојчето, управувал Р.Р.(48). Тој изгубил контрола и излетал од патот.

Девојчето е пренесено во Велешката болница каде му е укажана лекарска помош и е задржано на натамошно лекување.

Увид на местото на несреќата изврши увидна екипа на СВР-Велес. Се преземаат активности за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени