Повредено четиригодишно дете во сообраќајка кај село Бусилци

Од:

Во сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило со скопски регистерски таблички и патничко возило со велешки регистерски таблички на патот Велес-Извор кај село Бусилци, што се случила утрово околу 9 часот, повредено е четиригодишно дете, кое било во патничкиот автомобил.

Полицијата се уште врши увид на настанот, а според првичните информации од полицијата имало неколку повредени од кои потешко било повредено четиригодишно машко дете.

Според д-р Јадранка Мишкова од Брзата помош во Велес детето е во тешка општа состојба и вон животна опасност.

По приемот на Хирушкото одделение во велешката Општа болница и укажаната прва помош поради тешките повреди детето со возило на Итна помош на велешката болница е пренесено на понатамошно лекување во скопската државна клиника.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он