Повредено 17-годишно момче во каменуван автобус на ЈСП

Од:

Седумнаесетгодишник од скопското село Булачани завчера бил повреден во главата кога автобусот на ЈСП бр. 65 со кој патувал бил каменуван од непознат сторител.  Со возило на Итна мдицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Инцидентот се случил на 29 ноември во 21.55 часот во Скопје, на ул.„Методија Андонов Ченто“ и ул. „Палмиро Тољати“, а околу 22 часот во Полициската станица Гази Баба го пријавил возачот на автобусот на ЈСП, М.О. (39) од село Марино.

Тој во полицијата пријавил дека додека го управувал автобусот, кој сообраќал на редовна линија бр.65, непознат сторител фрлил камен во правец кон автобусот и искршил еден од прозорите од вториот кат.

За настанот денеска информира МВР во дневниот Билтен, наведувајќи дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

ЈСП-Скопје тврди: Жичницата на Водно е безбедна, во моментот се врши сервис

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он

Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Предраг Петровиќ

Албански државјанин ограбил две жени во автобус на ЈСП

Горан Наумовски

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол