МВР информира за тројца работници кои биле повредени во три одделни случаи, додека извршувале градежни работи. За случаите се известени и трудови инспектори кои ќе ги испитуваат околностите.
Вчера во 12.13 часот во СВР Скопје, во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје со тешки повреди бил пренесен Д.С.(67). Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи на објект во изградба во нас.Драчево.
Во 14.00 часот, пак, во СВР Тетово, од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.Н.(64) од Делчево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за градежна фирма од Скопје на патот во изградба кој води од с.Требош кон главниот пат Тетово – с.Јажинце. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово во присуство на одговорно лице од фирмата и трудова инспекција.
Во СВР Битола, од Итна медицинска помош Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола со тешки телесни повреди го пренеле Г.Ј.(26) од с.Браилово, прилепско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во приватна фирма во Битола.
„Увид на местото извршила екипа на СВР Битола и за настанот бил известен трудов инспектор“, соопштува МВР.