Повредени пет лица во сообраќајка кај Тетово

Од:

Пет лица се здобиле со телесни повреди откако вчера во 14 часот и 30 минути С.С.(53) од село Гајре загубил контрола врз патничко возило „Голф 2“ по што автомобилот се превртел на покривот.

Сообраќајната несреќа се случила на регионалниот пат Попова Шапка-Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

-Според Јосифовски, од излетувањето и превртувањето возачот и четворица сопатници од возилото М.С.( 21 ),Х.С.( 54 ), Ф.С.( 44 ) и Б.С .( 45 ) се здобиле со телесни повреди и набрзо се пренесени во тетовската Клиничка болница. – По укажаната помош тројца од нив се пуштени дома додека возачот и сопатничката Ф.С. задржани се за натамошно лекување. Извршен е увид и се утврдуваат причините за несреќата.

– Првично причина е неприлагодена брзина а вкупната материјална штета се проценува на околу 20 илјади денари, изјави Јосифовски.

 

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он