Девет повредени во сообраќајката во Куманово

Од:

Девет лица, меѓу кои и еден малолетник посериозно се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа во 20.40 часот, на крстосницата на булеварот „Октомвриска револуција“ и „Глигор Прличев“ во Куманово, соопшти денеска СВР Куманово.

На повредените укажана им е лекарска помош во Медицински центар Куманово, а девојчето родено 2009 година кое се здобило со тешки телесни повреди, по укажаната помош во кумановската болница е префрелна во Ургенетен Центар во Скопје и е надвор од животна опасност.

Како што појаснуваат од СВР Куманово, во сообраќајката се судриле автомобил „шкода“ и „сеат ибица“ со кумановски регистарски таблички.„Шкодата“ ја управувала 20 годишната М.Л. која се движела од центарот кон периферијата, а со „сеат ибица“ управувал Н.Р (1998) кој се движел во спротивна насока. Во моментот кога автомобилот „сеат“ свртувал кон „Григор Прличев“, а „шкодата“ се движела право, дошло до судир на двата автомобили. „Шкодата“ продолжила да се движи право и удрила во паркиран „пасат“, сопственост на 39 годишната Е.В и во двајца малолетни пешаци родени 2009 и 2011 кои се движеле на тротоарот. СВР Куманово изврши увид на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски