Тепачка во средното економско училиште во Гостивар, двајца малолетници хоспитализирани

Од:

Две малолетни лица се хоспитализирани на скопските клиники, а едно во гостиварската болница, по тепачка која попладнево избила меѓу две групи во кругот на средното економско училиште. Мотивите и бројот на учесниците во тепачката ги истражува гостиварската полиција.

Од СВР Тетово потврдија дека дошло до нарушување на јавниот ред и мир во кругот на општинското средно економско училиште-Гостивар со тепачка на две групи, едната од село Чегране, а другата од село Врапчиште. Според првичните наоди на полицијата, во физичката пресметка учествувале повеќе од дваесет лица, меѓу кои повеќето биле ученици. Групите се степале со клоци и тупаници, а користен бил и остар предмет, најверојатно нож.

– Во тепачката две лица едното на возарст од 16 години, а другото на 17, биле пренесени со повреди во градите, односно грбот во гостиварската болница, а отаму на скопските клиники. Со повреди се задобило уште едно лице на возраст од 18 години, кое е задржано во гостиварската болница, информираат од СВР Тетово.

Во тек е увид по кој ќе биде појасно кои се мотивите за тепачката и кој сé учествувал во неа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

(ВИДЕО) Поповиќ: Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност, Савески не сака да реагира

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар повеќе од четири недели е без чиста вода, Владата молчи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: За Гостивар има папка со факти – Савески кога ќе се врати од екскурзија да постапи веднаш