Повредени малолетничка и жена – Прегазени пешаци во Скопје и Куманово

Од:

Малолетно девојче е тешко повредено. 49 годишен возач на удрил во неа на улицата „Народен Фронт“ во Скопје.

„На 06.06.2024 во 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Народен Фронт“ со ул.„Шарски Одреди“, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Т.(49) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.“ велат од МВР.

Пешак е повреден и во Куманово. Станува збор за 56 годишна жена.

„ На 06.06.2024 во 19.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, патничко возило „рено клио“ со кумановски регистарски ознаки управувано од К.Б.(83) од с.Табановце, кумановско, удрило во пешакот А.Л.(56) од с.Ново Село, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Л., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Скопјанец повреден при пад во автобус на ЈСП

Малолетно девојче возело нерегистриран трактор – тешко повредила пешак

Малолетник со мотор прегазил 81-годишен пешак во Битола

Анита Петровска Рајковиќ

Холанѓанец удрил во камен во Охридко езеро, пренесен е во болница

Анита Петровска Рајковиќ

74-годишен дедо тешко повреден, паднал при нагло кочење на автобус

Анита Петровска Рајковиќ

Малолетник возел мотор и удрил жена пешак во Скопје