Повредени 15 лица вчера во сообраќајки во Скопје

Од:

Патник во автобус бил потешко повреден во една од вкупно 11 сообраќајки случени во текот на изминтиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во седум сообраќајки полесно биле повредени 14 лица, а во три била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Осумнаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаци, седум возачи за неправилно престројување, како и тројца возачи за некористење заштитен шлем.

Од сообраќај биле исклучени еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол, 11 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач почетник, како и 11 нерегистрирани возила. Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 97 непрописно паркирано возило.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 70 возила.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ ќе реализира едукативна работилница со децата од средна и голема група во ЈУГД „Кочо Рацин“, објект „Наум Наумовски Борче“ кој се наоѓа во општина Центар.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот