Повредени 12 лица во девет сообраќајки вчера во Скопје

Од:

Девет сообраќајни несреќи се регистрирани во изминатото деноноќие во Скопје. Во три од нив со полесни повреди се здобиле 12 лица, а во шест причинета е само материјална штета.

Како што информираа за МИА од СВР – Скопје, сообраќајната полиција санкционирала 11 лица кои возеле без возачка дозвола, односно нерегистрирано возило, шест возачи кои не користеле сигурносен  појас или користеле мобилен телефон, 10 не се придржувале кон ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци, а 47 имале непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 75 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ одделение во ООУ „11 Октомври“ во општина Центар.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош