Повредена скопјанка на концерт во КИЦ, врз неа паднала решетка од вентилација

Од:

46-годишна скопјанка е повредена синоќа за време на концерт во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје, откако врз неа паднала решетка од вентилацискиот систем, соопшти Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.

Според информациите, инцидентот се случил на 20 ноември околу 22 часот. Жената, идентификувана како М.И. од Скопје, била пренесена во Ургентниот центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, од каде случајот бил пријавен во полицијата во 23:15 часот.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар