Повреден возач кој со автомобил излетал од патот Тетово-Скопје

Од:

Дваесет и седумгодишник од тетовска Брвеница е повреден попладнево откако со неговото возило излетал од коловозната лента на автопатот Скопје-Тетово.

-Околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај Добарски натпатник излетало од коловозната лента возило марка „Пежо 207“ со тетовски регистерски ознаки. До незгодата дошло кога возачот В.Б (27) од Брвеница изгубил контрола и излетал од автопатот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Дваесет и седумгодишникот бил сам во возилото.

Тој бил пренесен во тетовската болница каде му се констатирани полесни телесни повреди. Увид извршила екипа на СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он