Повреден пешак во сообраќајка во Неготино

Од:

Во сообраќајна несреќа во Неготино вчера пешак се здоби со тешки телесни повреди.

Сообраќајката се случила на крстосницата од улиците „Браќа Миладинови“ и „8 Ноември“ во 17:40 часот во која непозната марка на патничко моторно возило управувано од засега непознат возач, удрило во пешакот Љ.О. (68) од Неготино, по што го напуштило местото на настанот. 

Во незгодата Љ.О. се здобила две фрактури на десна надлактица и една на десен колк, набиеници на десната страна на главата и левата потколеница. На Љ.О. и била укажана лекарска помош во Итната медицинска помош-Неготино, по што била препратена и задржана на лекување во Општа болница-Велес, одделение за трауматологија.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица-Неготино.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски