Фрлено пивско шише во автобус на ЈСП скршило едно стакло од автобусот, повредило и едно лице.
Со повреда во предлот на десното око се здобил патникот Т. С. (32) од Скопје. Тој бил пренесен во Клиничкииот центар во Скопје каде што од страна на лекар констатирани се телесни повреди и е пуштен на домашно лекување.
Според полицијата, инцидентот се случил ноќеска, во Скопје кај крстосницата од булевар „Партизански Одреди“ и улицата „Никола Парапунов“.
Полицијата излегла на лице место, извршила увид и привела неколку лица.