Повреден кумановец, се превртел со возилото и удрил во ограда од куќа

Од:

Кумановецот У.И (25) е повреден, откако со превртел со неговото возило „крајслер“ попладнево на улицата „ЈНА“ во Куманово, информираше кумановската полиција.

Несреќата се случила околу 17 часот кога У.И. со возило со гостиварски регистарски ознаки се движел од центарот кон периферијата на Куманово, по што изгубил контрола, се превртел и удрил во ограда од куќа.

Тој е пренесен во општата болница Куманово, каде му се констатирани тешки телесни повреди, но е надвор од животна опасност.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он