Повреден брачен пар во сообраќајка на излезот од Охрид

Од:

Брачен пар е повреден во сообраќајна несреќа што нешто пред 16 часот се случи на патниот правец Охрид-Струга во близина на болницата Свети Еразмо, односно во близина на раскрсницата кој води кон стрелиштето.

Во несреќата учествувале две возила Фиат Панда и Шевролет Спарк. Според првичните информаци до несреќата дошло кога автомобило Спарк од засега непознати причини удрил во предната лева страна на автомобилот Фиат Панда, по што излетал надвор од левата страна на коловозот.

Возачот и совозачот, инаку сопружници се повредени и префрлени во општата болница во Охрид, додека возачот на Фиат Панда е без повреди. Екипи на СВР вршат увид на лице место.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум