Повреда на избирачко право може да се пријави во канцеларијата на Хелсиншкиот комитет

Од:

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија соопшти дека нивната канцеларија денеска ќе биде отворена во текот на целиот ден за да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на Претседателските избори.

– Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот кој се наоѓа на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83 во Скопје. Доколку граѓаните не се во можност да дојдат до нашите простории, случаите на повреда на избирачкото право можат да го пријават и преку телефонски број 02-3119-073. Покрај личното и телефонското пријавување овозможена е и пријава преку е-пошта на [email protected]. Пријавите преку е-пошта треба да содржат кратко образложение за настанатата повреда, локација (изборна единица и број на гласачко место) и време на настанување на повредата на избирачкото право, соопшти Хелсиншкиот комитет.

Граѓаните можат да ги поднесат пријавите наведувајќи ги своите лични податоци или анонимно. Сите пријави до Комитетот ќе бидат дополнително истражени со цел да се верификува нивната веродостојност. Хелсиншкиот комитет наведува и дека ги гарантира тајноста и неповредливоста на личните податоци и тие нема да бидат објавени без претходна дозвола од граѓаните што ја пријавиле повредата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија