СДСМ: Повлекувањето на Законот за владино рекламирање е победа на граѓаните

Од:

Пропагандата на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ вчера доживеа уште еден пораз. Повлекувањето на предлог закон за владино рекламирање на Владата под притисок на СДСМ и на јавноста мораа да го повлечат од дневниот ред во Собранието и тоа е победа за сите оние кои сакаат во Македонија да има вистински слободни и независни медиуми. Без слобода на изразување и без слободни медиуми не може да има демократија во Македонија, велат од СДСМ.

„Владиното рекламирање долги години е еден од главните механизми со кои власта ги корумпира медиумите и ја купува поддршката од нивните газди за сметка на новинарските слободи и на штета на новинарската професија. Со парите на граѓаните власта со години си купува нарачани прилози во приватните медиуми и создава лажна слика за реалноста во земјата. Но, тоа веќе не проаѓа. Граѓаните имаат право да бидат објективно информирани и да ја знаат вистината. Никола Груевски веќе нема да може да се потпира на пропаганда и на лаги и ќе мора да се соочи со казната од граѓаните за своите погубни и криминални политики.

До крајот на годинината ќе има слободни избори по кои ќе имаме слободна Македонија со слободни медиуми кои слободно ќе може да критикуваат без страв, без притисоци и без заплашувања“, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби