Повластено користење на јавниот градски превоз за лицата со посебни потреби

Од:

Лицата со оштетен вид, слух, телесно оштетување, интелектуална попреченост, бубрежно болни, како и инвалидите на трудот, инвалидски пензионери и воените инвалиди кои ќе поднесат барање до здруженијата на граѓани организирани на подрачјето на градот Скопје во кои членуваат ќе имаат правото на повластено користење на јавниот градски превоз.

Советот на Град Скопје, изгласа Програма со која се определуваат видовите на повластеното користење на јавниот градски превоз, категориите на лица со посебни потреби кои имаат право на повластено користење на јавниот градски превоз, како и условите и постапката за стекнување на тоа право.

За остварување на тоа правото заинтересираното лице со посебни потреби, поднесува барање до здружението на граѓани во кое членува. Здруженијата на граѓани, конечниот список на баратели кои ги исполнуваат условите и за кои предлагаат добивање на легитимации, го доставуваат до Градот Скопје, најдоцна до 16 јануари 2015 година.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Нормализиран автобускиот сообраќај во Скопје, нафтата се испорачува сукцесивно

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Град Скопје: Со часови се чека автобус за училиште и работа поради суетата на Мицкоски

Горан Наумовски