Повици на УНЕСКО за номинации за наградите за образование на девојки и жени и за популаризација на науката за 2021 година

Од:

УНЕСКО ги повикува земјите членки да поднесат свои номинации за наградата за образование на девојки и жени за 2021 година. Целта на наградата, која е воведена во 2015 година, е да  им се оддаде признание на индивидуалци, групи или организации кои имаат реализирано проекти во кои е нагласено образованието на девојки и жени.

Кандидатурите, односно образложението за наградата за образование на девојки и жени и формуларот за номинација, се поднесуваат единствено преку перманентните делегации на државите членки во УНЕСКО, и преку онлајн-платформата на УНЕСКО: http://unesco.org/gwe, најдоцна до 26 мај 2021 година.

За навремено доставување на евентуалните кандидатури од нашата земја, потребно е сите заинтересирани предлозите да ги достават до Националната комисија за УНЕСКО во електронска форма, најдоцна до 17 мај 2021 година, со цел да бидат доставени до нашата Перманентна делегација во Париз.

УНЕСКО, исто така, ги поканува државите членки да достават предлози за кандидат за наградата Калинга за популаризација на науката за 2021 година. Информации за процесот на номинација се достапни на линкот: https://en.unesco.org/prizes/kalinga, со напомена дека секоја држава  членка може да номинира само по еден кандидат.

За евентуалниот кандидат од Република Северна Македонија за оваа награда, треба да се информира Националната комисија за УНЕСКО најдоцна до 5 мај 2021 година, со цел да биде испочитуван наведениот термин за доставување на кандидатурата до УНЕСКО – 17 мај 2021 година.

Би можело да ве интересира

Левица: Владата доби пет години за уривање на дивоградбите – Охрид „се спаси“ од црната листа на УНЕСКО

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

УНЕСКО потврди: Палати и древни џамии се оштетени во нападите врз Иран

САД се повлекуваат од УНЕСКО

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски