Повеќе предлог закони го поминаа првото читање во рамки на 52. седница

Од:

Собранието денеска во рамки на 52. седница констатира дека предлог законите за изменување и дополнување на законите за надворешни работи, за електронските комуникации, за стандардизација, за водите, за виното, за сточарство, се прифатливи и може да се дадат на натамошно второ читање.

Пратениците констатираа дека предлог законите за земјоделски задруги, за договорите за превоз во патниот сообраќај, за заштита на децата, за изменување на законите за инвалидски организации и за култура, за изменување и дополнување на законите за безбедност и здравје при работа и за заштита на културното наследство, се прифатливи и може да се дадат на натамошно второ читање.

Собранието ги донесе Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој и Предлог законот за изменување на Законот за јавните набавки, двата по скратена постапка

Ѓорги Коџабашиев од ВМРО-ДПМНЕ во образложението рече дека јавните набавки претставуваат важен сегмент во економскиот систем на секоја држава.

Одредби на Законот за јавните набавки кои се изменуваат, односно дополнуваат: член 202 – Државната комисија е составена од претседател и четири члена кои функцијата ја извршуваат професионално, претседателот и членовите на Државната комисија ги именува по пат на јавен конкурс и ги разрешува Собранието на Република Македонија на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија, претседателот и членовите на Државната комисија се именуваат за период од пет години со право на повторен избор, за член на Државната комисија се именува лице кое е државјанин на Република Македонија, дипломиран правник и има најмалку три години искуство во областа на јавните набавки, за претседател на Државната комисија се именува лице кое е дипломиран правник, има положен правосуден испит, најмалку шест години работен стаж како судија, државен правобранител, заменик-државен правобранител, нотар или адвокат, односно десет години на други правни работи по положен правосуден испит, членовите на Државната комисија од своите редови избираат заменик-претседател, претседателот и членовите на Државната комисија не можат да бидат членови во органи и тела кои ги избира или именува Собранието или Владата.

На барање на пратеници од ДПА, а во знак на протест, како што истакнаа, поради тоа што говорите на пратениците Албанци не се пренесуваат на албански јазик, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски даде еден час пауза.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски