А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Повеќе од 160 лица со години не доаѓале на работа во Министерството, а добивале плата

by А1он27/08/2017 - 22:4427/08/2017 - 22:58274
Share0

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски на неговиот Фејсбук профил сподели неколку документи, од кои се гледа дека вкупно 78 државни службеници, иако не доаѓале на работа, со години добивале плата. Тие на 22. мај биле повикани од кабинетскиот службеник во Кабинетот на генералниот секретар, Билјана Митева, која ги прераспределила во останатите организациони единици на Генералниот секретаријат. Решенијата за нивно вработување ги потпишал претходниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Добивај вести на вибер

Дополнително, шета на буџетот направиле и 166 лица кои биле вработени, а не доаѓале на работа. За 2016 година, според пресметките, го оштетиле буџетот за 824 илјади евра, или приближно 50 милиони денари. Од документите се гледа дека овие неправилности, ги детектирал и државниот ревизор.

– Како се трошеле нашите пари. Веќе е покрената дисциплинска постапка и зависно од исходот ќе следува и соодветна судска постапка. Нанесена штета од преку 800.000 евра. Додека некој се потсмева на покачување на минималецот, на своите партиски војници им давале плата без да одат на работа, напиша Рашковски на Фејсбук.

В.М.

ministerstvavlada

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски19/02/2026 - 12:0119/02/2026 - 13:41

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Горан Наумовски17/02/2026 - 22:02

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 13:3517/02/2026 - 13:37

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:3416/02/2026 - 16:14

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Горан Наумовски11/02/2026 - 22:45

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски08/02/2026 - 14:0108/02/2026 - 14:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен