Поведени истраги против две лица за пронајдена дрога во подрумски простории во Скопје

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредби за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Кај првиот осомничен, на 21 јуни била откриена наркотична дрога – кокаин со вкупна нето маса од 347,09 грама, која била спакувана во повеќе помали пакувања и наменета за неовластена продажба. Дрогата ја чувал во домот и над цевки во близина на подземната гаража во зградата во која престојувал на улицата „Никола Русински“ во Скопје.

На 25 јуни, пак, при претрес во зградата во која престојувал вториот осомничен, на улицата „Методија Шаторов Шарло“, полициските службеници пронашле 904,2 грама наркотична дрога марихуана. Дрогата осомничениот ја чувал скриена под церада на мотор паркиран во гаража во подрумските простории на зградата.

За двајцата осомничени јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлози за определување мерка притвор, бидејќи оцени дека постојат законски основи да се обезбеди нивното присуство во текот на постапката.​​

Би можело да ве интересира

Маж од Скопје обвинет за напад на телевизиската екипа на ТВ24

Горан Наумовски

Фатиме Фетаи ќе се бори со двајца мажи за шефовската фотелја во скопското Вишо обвинителство

Кристијан Ландов

ОЈО започна истрага за грабнатото бебе во Скопје

Горан Наумовски

ОЈО: Утврдени се неправилности во водење на предметот „Финансова полиција“

Горан Наумовски

ОЈО бара притвор за скопјанецот кој оштети 18 автомобили во катна гаража

Горан Наумовски

ОЈО бара притвор за велешанецот кој усмрти познаник