Поведени истраги против двајца дилери на марихуана од Скопје, кај едниот пронајдена и муниција

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје извести дека донело Наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишен жител на Скопје, кај кого, во изнајмена барака, била пронајдена импровизирана лабораторија за одгледување марихуана.

„При претрес во бараката била пронајдена вреќа со исушени цветови, листови и гранки од растението канабис со вкупна тежина од 922 грама, како и 3 саксии со засадени стебла. Освен ова, во различни помали пакувања биле пронајдени уште 505,4 грама марихуана, дигитални ваги и друга опрема за одгледување на растенијата.

Јавниот обвинител против осомничениот поведе истрага за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, а со оглед на тоа што оцени дека се исполнети законските основи, до надлежниот суд достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице“, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.

„При претрес во домот на 33-годишен жител на Крушопек, пак, полицијата пронашла 962 грама наркотична дрога – марихуана, како и 19 куршуми со калибар 7,62Х39 мм.

Јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка и за ова лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик.

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Со решенија на надлежниот суд на двајцата осомничени им е определена мерка куќен притвор“, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство Скопје.​

Би можело да ве интересира

Тројца обвинети за закани и загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци, за еден предложен притвор

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

Кочанското Јавно обвинителство ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за двајцата вработени во УЈП, кои се поврзуваат со постапката за корупција со клубот „Пулс“

Обвинителството започна истрага против 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”

Горан Наумовски

Обвинителство: Маж од Неготино бараше припадниците на ромската националност да им се забрани да гласаат на избори

Горан Наумовски

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ