Поведена постапка за серија кражби во Битола

Од:

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице од Ресен за кое постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик, информира Обвинителството.

„Преку временски поврзани дејствија во периодот од 01.03.2022 година до 06.03.2022 година, во вкупно 14 наврати, осомничениот со умисла извршил тешки кражби. Искористувајќи слични прилики, тој со провалување влегувал во помошни објекти – визби во станбени згради и еден параклис во Битола. Доколку најдел, одземал различни предмети со намера противправно да ги присвои. Делата ги вршел со употреба на физичка сила и подесен алат, делувајќи врз заклучени врати. При последната кражба на 06 март бил затекнат и лишен од слобода“, соопшти Обвинителството.

„Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, особено имајќи предвид дека осомничениот во веќе поведени други постапки пред Основен суд Битола и Основен суд Ресен не бил достапен на органите на прогонот, јавниот обвинител до судот достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола го прифати предлогот и на осомничениот со решение му определи притвор во траење од осум дена“, се наведува во соопштението на Обвинителството.​

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај