Поведена постапка за производство и дистрибуција на детска порнографија

Од:

Основното јавно обвинителство – Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение за сторено кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнограгфија од чл. 193-а ст.3 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, со својот мобилен телефон, без согласност снимал малолетно лице додека воделе љубов. Притоа, снимените клипови ги направил достапни преку средства за масовна комуникација – Facebook Messenger и Instagram, а фотографиите и видеата со порнографска содржина ги испраќал и до таткото на оштетената, како и до други лица.

Поради опасност од бегство на осомничениот, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка во Основен суд – Струмица поднесе барање и за определување на мерка Притвор.

По спроведената постапка, судијата определи мерка Притвор во траење од 30 дена.“​

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски