Поведена постапка против скопјанец за непочитување на здравствена изолација

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против 41-годишен скопјанец за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информираат од Јавното обвинителство, обвинетиот на 9 март добил позитивен резултат од извршено тестирање за коронавирусот во лабораторија во Скопје, но наместо да остане во задолжителна самоизолација, како што е предвидено со протоколите за заштита на населението од заразна болест, тој веќе следниот ден излегол од домот и отишол во Основниот кривичен суд – Скопје. Таму бил забележан и пријавен од службено лице од судската полиција, по што полициски службеници го сопреле и му извршиле проверка на идентитетот.

– Јавниот обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетиот да определи парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност, информираат од ЈО.

Би можело да ве интересира

Кривична за скопјанец – предизвикувајќи пожар го оштетил топловодот и конструкцијата на мостот „Беласица“

Горан Наумовски

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

Уште една кривична за Максим Димитриевски: „Притисоците продолжуваат, но тоа нема да ме обесхрабри“

Анита Петровска Рајковиќ

Кривична за родители кои им овозможиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Си оградил државно земјиште на Бит Пазар и си наплаќал паркинг – доби кривична