Поведена истрага против жител на Слатино, пронајден кокаин и муниција

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен жител на тетовско Слатино кој е осомничен за кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и Недозволено изработување, држење, посредување или тргување со оружје или распрскувачки материи.

„При претрес во домот на осомничениот на 18 ноември, полициските службеници пронашле околу 30 грама кокаин, три дигитални ваги и други предмети со остатоци од наркотична дрога и рамка за пиштол со 8 куршуми со калибар 7,62 мм.

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или вештаци и да го повтори делото, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, известуваат од Обвинителството.​

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај