Поведена истрага против седум лица за улична продажба нa дрога во Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица осомничени за дејствија на Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Двајца од нив се осомничени за продолжено извршување на кривичното дело, додека еден за помагање. Од декември 2023 година, во координирани активности на повеќе полициски единици, по наредби на јавен обвинител, се преземаа истражни дејствија, кои во текот на вчерашниот ден резултираа со претреси на повеќе локации. Кај осомничените кои се на возраст меѓу 28 и 50 години, беше пронајдена наркотична дрога – кокаин, марихуана, како и пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од улична продажба на дрога.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за три лица, како и предлог за мерки на претпазливост за уште тројца од осомничените.

Би можело да ве интересира

Притворени двајца дилери, полиција ги уапсила како препакуваат дрога

Полициска акција во Скопје, приведени 28 дилери

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Обвинителството бара притвор за двајца дилери од Скопје и Велес

Полициска акција: Пронајдена лабораторија за дрога, се апсат дилери

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Продавале дрога на деца пред училишта, во шарени кутивчиња за да ги залажат – Уапсени 230 дилери во Албанија

Анита Петровска Рајковиќ