Поведена истрага против едно лице за производство и продавање хероин

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 20.03.2019 година, при извршено легитимирање и преглед на осомничениот, кај него биле пронајдени 10 помали полиетиленски пакувања, а при претрес во неговиот дом подоцна уште 19 пакувања наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 2,35 грама. Освен ова, при претресот во домот на лицето биле пронајдени и две полиетиленски пакувања мешавина од кофеин и парацетамол со вкупна нето маса од 5,9 грама, како и дигитална вага со остатоци од хероин.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и кои го оправдуваат стравувањето дека осомничениот би можел да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за определување притвор на осомниченото лице.

Би можело да ве интересира

Истрага за дилер од Гевгелија, кај него се најдени 100 најлонски зипер ќесички наркотична дрога

Полицајци надгледувале дилер, кај него се најдени 57 паковки марихуана

Обвинителството бара притвор за дилер на „мара“ и на амфетамин

Запленет кокаин во Гевгелија, лишен од слобода дилер, одреден му е притвор

Обвинителството бара притвор за дилер на дрога од Капиштец

Истрага против дилер на кокаин во Штип