Потсмев за тоалетите кои ги промовираше Теута Арифи: Вакви само во европско зелено Тетово може да има

Од:

Реконструкцијата на тоалетите во граниката „Ринија“ од страна на Општина Тетово, причина за потсмев на социјалните мрежи. Откако градоначалничката Теута Арифи постави фотографија од реконструкцијата на „Фејсбук“, а меѓу другото и од тоалет школките без преграда, предизвика лавина реакции од останатите корисници.

„Вакви тоалети само во европско зелено Тетово може да има“, пишува во еден од твитовите, на што друг твитерџија се надоврзува со „Теута повторно се истакна“.

Под фотографијата, има стотици коментари на македонски и албански јазик. Меѓу другото, пишува: „Лепота кенеф, да ти е мерак да се опуштиш“, а друг корисник додава: „И за раце да се држат сите тројца“. Шегите одат дотаму па пишува и : „Има растојание 2 метра, ковид системот е запазен“. Под објавата има и коментари: „Со моторџиски кациги и фантомка, да не се препознаат, да нема гачки чие повеќе смрди“.

Меѓу коментарите има и такви кон градоначалничката Арифи во кои и се посочува дека е добро што реконструираат, но дека Тетово нема вода. Има и такви кои ја пофалија Арифи за реновирањето на тоалетите, иако немаат прегради.

Реконструкцијата на тоалетите во градинката се направени преку проект поддржан од УНДП и СДЦ, насловен како „Зајакнување на локалните совети“.

Претходно, мета на потсмев во Тетово беше велосипедската патека која ја направи општината со градоначалничката Арифи. По повеќе години барања од жителите за означување на патека за велосипеди, таа поминуваше преку контејнери, бетонски столбови, високи пешачки острови.

Би можело да ве интересира

Сојузот на борци преку отворено писмо бара да нема промена на имиња на улиците во Тетово

А1он

Одбележани 24 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски

Мајка и син од Тетово се најновите жртви на семејно насилство

Горан Наумовски

Обвинителство: Се скарал со синот и со еден истрел во градите го ликвидирал

Истрагата откри: Тетовчанец пред два дена со ловечка пушка си го убил синот

Горан Наумовски

39-годишен маж од Тетово е пронајден мртов со прострелна рана во главата