Потрошени вакцините против сезонскиот грип во Струга

Од:

Стружани повеќе нема да можат да се имунизираат со вакцините против сезонскиот грип зашто нарачаното количество е веќе потрошено.

Како што информираат од епидемиолошкото одделение на Регионалниот центар за јавно здравје, досега се вакцинирани околу 720 граѓани.

– Нарачаното количество вакцини веќе е искористено и не може да се набават нови вакцини, така што вакцинирањето против сезонскиот грип е завршено за годинава, информираат од оваа јавна-здравствена установа.

Центарот за јавно здравје кој ги покрива Струга, Охрид и Дебар за справување со сезонскиот грип, кој се шири во текот на есенските и зимските месеци, годинава набави 2.500 вакцини. Во Охрид беа вакцинирани околу 1400, а во Дебар близу 400 граѓани.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга