Потресно сведоштво за Ласкарци: Дете заглавено со нозете под автобусот го викало татко му за помош

Од:

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на сведоците и оштетените за сообраќајната несреќа кај Ласкарци, продолжи судскиот процес за обвинетите во случајот.

Прва за несреќата сведочеше 22-годишна девојка која се здобила со фрактури и тешки телесни повреди. Таа не се сеќаваше на детали од несреќата бидејќи се онесвестила по ударот во првата ограда. Рече дека се приклучува на кривичното гонење и бара отштета.

Вториот сведок, Музафер Зибери, кој живеел покрај автопатот на стотина метри од местото каде што се преврте автобусот, рече дека го слушнал звукот во оградата на автобусот и видел како се превртел автобусот.

„Бев во дворот на куќата каде што падна автобусот. Го видов како се преврте и се стрчав одма со детето на брат ми. Одма го зедов возилото за 1 минута бевме таму. Кога пристигнав автобусот беше во нива превртен со тркалата нагоре“, рече Зибери.

Се присети дека имало чад и извици и го изнел веднаш апаратот за прва помош.

„Под автобусот имаше дете со нозете под автобусот и викаше за помош. Говореше на телефон со татко му од Гостивар. Тато дојди да ми помогнеш“, се присети сведокот.

Зибери рече дека прв го качил шоферот на автобусот заедно со уште двајца патници и ги однел во болница. Првин не знаел дека станува збор за шоферот, но потоа дознал. Сведокот кажа дека додека ги возел кон болницата, шоферот го удирал по ногата и му велел да вози побавно.

Обвинети за несреќата кај Ласкарци се сопственикот на компанијата „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, вработениот во компанијата „Дурмо Турс“, Ремзи Мифтари, машинскиот инженер Игор Ѓорѓиевски и возачот Маноил Трифуновски.

На обвинетите им се суди за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Во сообраќајната несреќа загинаа 16 луѓе, а 38 беа тешко повредени.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара повисоки казни за автобуската несреќа кај Ласкарци

Предраг Петровиќ

ЗНМ со поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

Новинарка на МИА вербално нападната од обвинетиот Горан Дуковски во случајот „Ласкарци“

Само во судството на СДС и ДУИ првообвинетиот добива најмала, а шестообвинетиот најголема казна реагира ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителот во „Ласкарци“ најави преиспитување на казните

Пресуда за „Ласкарци“: 14 години затвор за возачот на автобусот, сопственикот на „Дурмо Турс“ доби најблага казна од сите обвинети

Александар Тодески