Потребна е измена на член 102 за реализирање кампањи од исклучителен јавен интерес, смета Владата

Од:

Владиното себе рекламирање и натаму треба да остане забрането, но во исто време неопходно е да се дефинираат механизми за реализирање кампањи од исклучителен јавен интерес, а тоа значи и соодветна измена на член 102, сметаат од Владата.

– Измената на член 102 е со цел да се овозможи институциите да можат да реализираат јавни комуникации (кампањи) од исклучителен јавен интерес и преку радиодифузерите, на теми кои се од витално значење за граѓаните и државата, како што е на пример вакцинацијата, антикорупцијата, справувањето со дезинформациите и слично, посочуваат од Владата.

Членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги гласи „Државните органи, органите на државната управа, јавните претпријатија, единиците на локалната самоуправа, јавните установи и институции како и правните лица со јавни овластувања и трговските друштва во целосна државна сопственост не смеат да предвидуваат средства за информирање и запознавање на јавноста со свои услуги или активности преку приватни радиодифузери.”

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски