Потпишување на финансиската спогодба за ИПАРД 3

Од:

Во Скопје денеска ќе се одржи официјалниот настан за потпишување на финансиската спогодба за ИПАРД 3. Спогодбата ќе биде потпишана од вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир.

По потпишувањето, најавени се обраќања на Маричиќ, Гир, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Вкупната вредност на новата ИПАРД 3 Програма изнесува 97 милиони евра. Станува збор за европски неповратни сретства наменети за модернизација и развој на македонското земјоделство. Првите 30 милиони евра веќе се на располагање за инветиции со првиот јавен повик од ИПАРД 3 програмата за мерките 1 и 7.

Мерката 1 се однесува на инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства, а приоритетни сектори се: растително и сточарско производство, производство на риба, преработка и маркетинг на сопствено земјоделско производство и инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби.

Мерката 7 е за диверзификација на фарми и развој на бизниси, а приоритетни сектори се: алтернативно земјоделско производство, преработка на алтернативни земјоделски производи, производство на прехранбени производи и пијалаци, производство на непрехранбени производи, поддршка на занаетчиски активности, поддршка на услуги за рурално население, поддршка на услуги во земјоделство и поддршка на рурален туризам.

Би можело да ве интересира

Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта, дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага, прашува СДСМ

Николовски: Над 130 милиони евра во мирување по скандалот со ИПАРД, СДСМ предлага решение за деблокада

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски